| четврток, 6 декември 2018 |

Тежок раскол во СДСМ – Куманово: Циц извиси, Заев го избра тепачот Димитриевски за кандидат за градоначалник

Во периодот на само еден месец пред локалните избори, во ситуација кога сите до сега објавени анкети покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е во предност во поголемиот дел од локалните самоуправи, СДСМ се соочува со кризна состојба во Куманово, општина која некогаш важеше за нивен бастион. Таму долгогодишниот градоначалник Зоран Дамјановски – Циц веќе ја нема поддршката од партијата, откако денеска беше и официјално соопштено дека кандидат за градоначалник на Куманово ќе биде Максим Димитриевски, човекот кој пред само неколку месеци беше обвинет за физички напад во кумановска кафеана.

Ова било причина за незадоволство, расправии и длабоки поделби во членството на СДС – Куманово каде се уште актуелниот градоначалник има поддршка од дел од членството. За ваков развој на настаните во кумановскиот огранок на социјал-демократите се говореше уште летово, кога во јавноста излегоа шпекулации дека актуелниот градоначалник на Куманово, Зоран Дамјановски – Циц по четврти пат да ја бара довербата од граѓаните, но овој пат како независен кандидат. Сепак, Циц брзо демантираше и тврдеше дека верува во својата партија.

Сигурно одлуката која денес ја соопшти СДСМ не му дошла сеедно, па фактот што Заев го пушти низ вода можеби и ќе го натера да размисли за самостојната кандидатура која минатиот месец побрза да ја демантира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top