| четврток, 6 декември 2018 |

Червар: За Самсоненко можам да кажам се најдобро

Тој направи две сали и хотел и тоа сигурно нема да го однесе во Русија. Сето тоа ќе остане во Скопје, но јас сум противник на проектите кои кратко траат. Сетете се на ракометниот клуб Копенхаген или на ветерполо клубот Приморје, кои се распаднаа штом заминаа големите финансиери, изјави хрватскиот стручњак во интервју за "Вечерњи лист"

Кога го донесе Лино Червар на клупата на хрватската ракометна репрезентација, првиот човек на хрватскиот ракомет Зоран Гобац истакна дека нема да дозволи тој да седи на две столчиња, поточно да има и клупски ангажман. Меѓутоа, Червар се уште престојува во Скопје и го подготвува вицешампионот Металург за новата сезона.

Се уште решавам некои работи и затоа се уште сум во Металург. Не се случува се преку ноќ. Можам да кажам дека наскоро се ќе биде решено и немојте повеќе да ме прашувате за Металург, бидејќи немам друг коментар, изјави Лино.

Во интервјуто за “Вечерњи лист#, проговори и за случувањата во Вардар со најавата на газдата Сергеј Самсоненко за повлекување од актуелниот европски шампион.

а Самсоненко можам да кажам само најдобро, направи две сали и хотел и тоа сигурно нема да го однесе во Русија. Сето тоа ќе остане во Скопје, но јас сум противник на проектите кои кратко траат. Сетете се на ракометниот клуб Копенхаген или на ветерполо клубот Приморје, кои се распаднаа штом заминаа големите финансиери. Кај мене секогаш е поважен начинот на работа отколку вртоглавиот раст на некој клуб поради поединец што во даден момент има пари, а потоа веќе го нема – вели тренерот на Металург.

Но, во последно време се погласни се шпекулациите дека Червар сака што подолго да остане на клупата на Металург, а кога ќе стане неопходно, привремено да го отстапи местото на еден од своите соработници.

Хрватскиот стратег во наредните неколку месеци го очекува напорен период, бидејќи ќе треба да ја подготви Хрватска за Европското првенство во нивната земја, во јануари наредната година, каде за „коцкестите“ се ќе биде неуспех освен освојување на златниот медал. Доколку Хрватска не го освои златниот медал на ова првенство, Червар би можел да биде експресно сменет од селекторската функција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top