Денеска околу пладне, некој се обидел да го убие Здраво Мамиќ, првиот човек на фудбалскиот клуб Динамо Загреб. Пукањето се случило во близина на Томиславград, а информацијата ја потврди Министерството за внатрешни работи на Босна и Херцеговина, пишуваат хрватските медиуми.
Повеќе непознати лица пукале во Мамиќ, најверојатно од возило. Мамиќ е згрижен во локалниот Дом на здравјет.
Мамиќ бил на гробишта кога се случил настанот. Денеска се одбележувала годишнината од смртта на неговиот татко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.