| четврток, 6 декември 2018 |

Мамиќ ослободен од притвор и ќе се брани од слобода

Потпретседателот на фубалскиот клуб Динамо од Загреб, Здравко Мамиќ е пуштен од притвор и ќе се брани од слобода. Обвинителството го терети за навреда на национална основа, а на „нишан“ на контоверзниот Мамиќ, се најде министерот за образование и спорт на Хрватска, Жељко Јовановиќ, кој по потекло е Србин.

„Тој мрази се што почнува на хрватски. Нашата култура, Динамо, Академијата на науки и уметности, олимпискиот одбор, фудбалскиот сојуз…Има крви зрнца што влечат на онаа страна што мрази се што е хрватско“ рече Мамиќ при гостувањето во радио „Сансет“.

Потоа првиот човек на хрватскиот шампион Динамо, беше уапсен, мина една ноќ во притвор, а по тричасовно испитување на суд, беше пуштен на слобода. Ако во понатамошна постапка биде осуден, Мамиќ може да добие до 3 години затвор. Тој е познат по испадите и неконтролираното однесување и не му е првпат да дава навредливи изјави.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top