| четврток, 6 декември 2018 |

Очевидец на обидот за убиство на сопственикот на „Динамо Загреб“ обелодени која била првата реакција на Мамиќ

Здравко Мамиќ денеска го преживаа обидот за атентат кој беше извршен врз него во Томиславград, место кое познатиот хрватски бизнисмен и сопственик на фудбалскиот клуб „Динамо Загреб“ често го посетувал поради спомен плочата која ја имал подигнато во чест на неговиот починат татко.

Веднаш по излегувањето од своето БМВ, две воорушени и маскирани лица испукале куршуми и го погодиле Здравко во десната натколеница, по што веднаш побегнале во шумата која била во близина, од каде им се губи и секаква трага.

Колку и да изгледа ова сериозно и страшно по животот на Мамиќ, очевидците на споменатата ситуација велат дека Здравко неверојатно мирно ја прифатил прострелната рана, а неговиот пријател Белјан кој бил со него открива каква била првата реакција.

– Среќа што ме погодија мене, а не другите, тоа е вистинска среќа, тоа беа неговите први зборови. Ниту ние не знаевме што се случило, првично звучеше како да пукна некоја петарда, открива Белјан.

 

извор:дерби.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top