| четврток, 6 декември 2018 |

Мамиќ не простува порази, Круно Јурчиќ доби отказ

Крунослав Јурчиќ по третпат настрада од Здравко Мамиќ и од синоќа не е тренер на Динамо Загреб. По поразот од Австрија Виена со 0-2 на Максимир, контроверзниот прв човек на популарнитре „модри“ му врачи отказ на Јурчиќ и сега го најавува Амар Осим како негов наследник.

– Размислував да му понудам на Амар Осим да го предводи Динамо од клупата. Не го познавам доволно, но тоа не значи дека во иднина нема да добие шанса – изјави Мамиќ неодамна. Сега се најавува дека тоа е сигурно решение како замена за Јурчиќ и дека синот на легендарниот Ивица Осим ќе биде новиот тренер на Динамо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top