| четврток, 6 декември 2018 |

Озил изеде полициски сеир (ФОТО)

Англискиот гигант Арсенал ги разочара навивачите по поразот од Стоук Сити.

На „топџиите“ им пресуди новото засилување на Марк Хјуз, Хесе Родригез, со својот гол на дебитантскиот настап за тимот од „Британија“, а симпатизерите на Арсенал за главен виновник го посочуваат Месут Озил, кој не успеа да се наметне на натпреварот во саботата.

И додека „топчиите“ го обвинуваат, на сметката на Озил се пошегува полицијата на Стоук.

„Се извинуваме за доцниот одговор. Бевме зафатени, барајќи исчезнат човек со презиме Озил. Дали го имате видено“, на официјалниот Твитер профил на пријава на кражба одговори полицијата од Стоук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top