| четврток, 6 декември 2018 |

Озил: Сакам да играм за клуб кој ќе ја освои Лигата на шампионите

mesut-ozil

Германскиот интернационалец Месут Озил најверојатно ќе си замине од Арсенал. Медиумите на Островот на таков начин ја коментираат неговата најнова изјава дека сака да игра во клуб што е подготвен да ја освои Лигата на шампионите. „Топчиите“ во моментов се борат да влезат во „топ 4“ во Премиер – лигата и да изборат квалификации за ЛШ за следната сезона.

– Имам договор со Арсенал до 2018 година и се чувствувам комфорно во Лондон. Но, сакам да играм во клуб што ќе ја освои Лигата на шампионите. Многу брзо ќе одлучам за мојата иднина, но јасно е дека со Арсенал минуваме низ тежок период и не сме задоволни со моментното шесто место на табелата – изјави Месут Озил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top