Германскиот интернационалец Месут Озил се уште го нема продолжено договорот со Арсенал, затоа што раководството на клубот се двоуми околу неговите лични услови. Тој бара зголемување на годишната плата, што засега не се вклопува во концептот на „топчиите“. Но, одличниот играч за врска, кој има договор до јуни 2018 година, би можел да ги шокира челниците и фановите на Арсенал и да се пресели во редовите на лутиот ривал Манчестер јунајтед, кај својот поранешен стратег од Реал Мадрид, Жозе Мурињо.
Португалецот ќе добие сериозен буџет за засилувања и во пресрет на следната сезона, а ангажманот на Озил би можел да биде „бомба“ на летниот преоден рок.
Германецот оваа сезона постигна девет гола и има седум реализирани асистенции на 31 натпревари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.