По пауза од три меча Арсенал конечно победи, откако на домашен терен ја истури фрустрацијата против Вест Хем. „Топчиите“ распукаа и го совладаа лондонскиот ривал со 3-0. Сите голови беа постигнати во вториот дел а резултатот го отвори Месут Озил во 58. минута Тео Волкот зголеми на 2-0, а Оливие Жиру беше стрелец на третиот гол за составот на Арсен Венгер.
Тотенхем со неверојатен пресврт славеше на гостувањето против Свонси (1-3) и ја задржи шансата за титулата во Премиер лигата. Раталеџ во 11.минута го доведе домашниот тим во водство, Деле Али израмни во 89.минута од средбата, а Хјонг – Мин Сон и Кристијан Ериксен во судиското продолжение го комплетираа пресвртот и триумфот за „спарси“.
Резултати Англија: Арсенал – Вест Хем 3-0, Свонси – Тотенхем 1-3, Хал сити – Мидлсборо 4-2, Саутемптон – Кристал Палас 3-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)