| четврток, 6 декември 2018 |

Дачиќ: И Србија може да го промени ставот за името, ако Македонија не биде воздржана за Косово

По најавата на официјално Скопје дека го менува ставот за воздржаност при гласањето за членство на Косово во УНЕСКО, српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, порача дека и Србија може да го промени својот став за прашањето на името на Македонија.

-Доколку Македонија навистина гласа за приемот на Косово во УНЕСКО, иако е свесна колку тоа ги погаѓа Србија и српскиот народ, на претседателот Вучиќ ќе му предложам Србија во однос на името под кое ја признавме Македонија, исто така, како и тие околу Косово во УНЕСКО, да ја има во вид позицијата на Европската Унија, истакна Дачиќ.

Во изјава за Танјуг тој укажа дека најавата на официјално Скопје дека ќе гласа за членството на Косово во УНЕСКО имајќи ја во предвид позицијата на повеќето земји членки на ЕУ, „е директно спротивна на сите досегашни изјави на македонскиот премиер Зоран Заев, дека Македонија ќе биде воздржана“.

Дачиќ за Танјуг истакна дека Заев, освен со јавните изјави на оваа тема, ставот за воздржаност го изнел и пред премиерката Ана Брнабиќ во Трст.

Промената на ставот, порачува шефот на српската дипломатија, „директно ќе влијае врз нашите добрососедски односи“, укажа Дачиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top