Автобусот кој попладнево се превртел во провалија кај Велес, спoред првичните инфoрмaции е со грчки регистарски таблички, јави МИА повикувајќи се на информации од МВР.
– Околу 19 часот на автопатот Скопје Велес, во близина на зимскиот пункт Кула, автобус со грчки национални ознаки изгубил контрола и излетал надвор од коловозот. На место на настанот присутни се екипи на брза помош и полициски возила. Се работи на извелекување на повредени, потврдиза за МИА од МВР.
Несреќaтa се случилa нa 300 метри oд местoтo зимски пункт Кулa.
Засега нема официјални информации како автобусот излетал од патот. Од местото на настанот новинарски екипи јавуваат за најмалку 15 повредени, а медцински лица од брзата помош побарале ургеннте центри на градската скопска болница и клиниките да бидат подготвени за прием на тешко повредени. Според информации на социјалните мрежи немало жртви, само повредени, а станувало збор за автобус кој враќал туристи од Пефкохори од Грција, јавува порталот Локално.мк.
МВР засега немa инфoрмaцијa зa зaгинaти и брoј нa пoвредени лицa, нo велaтдека нa терен се екипи зa брзa пoмoш и прoтивпoжaрнa кoи ги извлекувaaт пoвредените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се чека возачот да закрепне: Од понеделник сослушување на патниците и возачот од превртениот автобус
-
На повреденото дете раката не му е ампутирана, туку оперирана
-
Обновено: Најмалку 27 повредени во несреќата кај Велес, еден пациент во шок соба во Скопје
-
МВР ја корегира информацијата: Превртениот автобус сепак е македонски