Во врска со сообраќајната несреќа која се случи во неделата на автопатот Велес – Скопје во која се преврте туристички автобус со македонски патници кои летувале во Грција, а во кој имаше повредени 27 патници и еден починат, во Основното јавно обвинителство Велес за МИА Информирале дека поради здравствената состојба на возачот кој е во болница, ќе чекаат негово опоравување и од наредната недела ќе го сослушаат во врска со несреќата.
Како што изјавила Славица Темелковски, основен јавен обвинител при ОЈО Велес, освен возачот, ќе ги сослуша и сите патници кои биле во автобусот кои се повредени или не се повредени.
– Чекаме да се соземат од немилиот настан и најверојатно од понеделник сите ќе ги сослушаме, по што ќе се изврши вештачење и анализи во врска со настанот. Откако сето тоа ќе се заврши ќе можеме да лоцираме кај кого е кривичната одговорност, изјави Темелковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
На повреденото дете раката не му е ампутирана, туку оперирана
-
Обновено: Најмалку 27 повредени во несреќата кај Велес, еден пациент во шок соба во Скопје
-
МВР ја корегира информацијата: Превртениот автобус сепак е македонски
-
Детали за несреќата кај Велес: Автобусот паднал во провалија во 19 часот, повредени околу 20 лица