| четврток, 6 декември 2018 |

На повреденото дете раката не му е ампутирана, туку оперирана

На деветгодишното дете кое беше повредено во синоќешната сообраќајна несреќа на автопатот Велес – Скопје, на Клиниката за детска хирургија му е извршена хируршка интервенција на раката, а не ампутација, информираа од таа јавна здравствена установа. Од Министерството за здравство, најпрво, уште синоќа информираа дека раката морало да биде ампутирана, информација која сепак не била точна.

По извршената интервенција врз раката на детето кое имало скршеница на надлактица, му е поставен надворешен фиксатор и тоа е во добра општа состојба.

Според досегашните информации од надлежните, една жена загина, а 27 се повредени во сообраќајната несреќа во која туристички автобус со македонски таблички излета од коловозот на автопатот Велес – Скопје. Основното јавно обвинителство во Велес и МВР денеска соопштија дека работи на утврдување на причините за несреќата. По наредба на јавниот обвинител, од возачот на автобусот е земен примерок на крв за анализа, а започнато е и прибирање на трагите пронајдени на самото место место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top