| четврток, 6 декември 2018 |

Традиционален турнир во улична кошарка во Росоман

Во Росман видендов се одржува шестото издание на „Street ball Ros 2017“. Организаторот Здружението за спортски активности „Рос-247“ годинава направи одлични подготовки на средбите. 14-те екипи кои се пријавени се натпреваруваат во вечерните часови (од 19 до 23 часот) за да се избегнат високите температури.

На „Street ball Ros 2017“ година настапуваат екипи од Кавадарци, Роосман, Прилеп, Кочани и Неготино Како што највуваат од организацијата, турнирот ќе донесе многу забава, дружење и интересни дуели. Согласно пропозициите секоја екипа е составена од четири играчи.

Освен натпреварувачкиот дел, за забавата освен локалната поддршка од диџеи и пријатели на турнирот, финалниот ден (недела – 20 август) ќе го збогати групата ДНК. Како и претходните две години, така и годинава натпреварите ќе се играат на новите спортски терени во Росоман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top