| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија е над сите интереси – „За заедничка Македонија“ со протестен марш и во Росоман

rosoman

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ вечерва одржа протестен марш во Росоман. Пред присутните се обрати Марија Печевска, наставник по историја. Се осврна на, како што рече, тешкиот пат кој мораше во минатото да го изодат Македонија како држава, но и нејзините жители. ­

– Немаме друга држава. Не постои ниту една цена заради која ќе ја погазиме крвта на сите оние кои гинеле, кои ја лееле за ние денес да го имаме ова, нагласи Печевска. Според неа, платформите создадени за туѓи интереси, во туѓи држави, без изборен легитимитет, чија цел е разнебитување на Македонија, народот нема да ги дозволи. Македонија е над сите интереси, подвлече Печевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top