Основното училиште Пере Тошев се наоѓа во Росоман, централното училиште во Росоман каде се наоѓаат и неколку подрачни училишта, во сите овие објекти учениците растат и се образуваат во креативна атмосфера во која учат да бидат љубопитни во светот околу нив, изјави на денешната панел дискусија директорката на училиштето Мирјана Димова.
– Во училиштето Пере Тошев се изградија три училници за едносменско работење заради заштеда на енергија, изграден е и амфитеатар каде што учениците со своите наставници изведуваат настава во природа, а исто така овој театар се користи за потребите на општината, културни манифестации. Освен тоа во училиштето е изградена и спортска сала која придонесе многу за наставата по физичко образование, истакна Димова.
Таа потенцираше дека се реконструираше и училишниот двор и се поплочи со бекатон плочки, а се сменија и постоечките светилки со штедливи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.