| четврток, 6 декември 2018 |

Земјоделците од Росоман револтирани од ниските цени на праската – бараат новата Влада да превземе мерки

Годинава земјоделците – производители на праска од Росоман, се соочуваат со голем проблем и неможност за продажба на својот род. Додека росоманчани мака мачат што со произведените праски, надлежните од министерството за земјоделие со денови никаде ги нема.

Производителите на праска од Росоман денес во изјави пред камерите на МТВ беа револтирани од цената на праската , која како што велат, годинава е најниска и ја повикаа новата Влада да дојде да ја реши состојбата и да превземе мерки.

– Вчера имав 150 гајби, набрав, дојдов тука и неможев да ги продадам, па од тука најдов превоз платив ги однесоа за Скопје и ги дадоа 50 денари гајбата, цела гајба околу 7.5 килограми. Ова до сега вака не било, волку ниска цена, гајбата да ја купиш е 22 денари, со се книга чини 25 денари, а ние 50 денари ја продаваме цела, плус превоз, 3500 денари ми земаа од кванташки до Скопје, вели еден од револтирани земјоделци, кои неможат да го продадат својот род.

На прашање на новинарката како да се реши ситуацијата, земјоделецот вели :

– Еве нова Влада има сега, би требало да дојдат тука кои се таму од министерство за земјоделие да превземат мерки.

Друг производител на праски кој се соочува со истиот проблем вели:

– Јас мислам дека првата сорта под 20 денари не треба да биде, кога зборувам за првата сорта, а втората сорта значи спрема квалитет не треба да биде под 30 денари. Лани под 28 денари не беше, а оваа година е катастрофа, а еве сега за 50 денари молам никој не сака.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top