| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца повредени во тешка сообраќајка кај Росоман

Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што попладнево се случи на патот Градско – Прилеп кај Дреновската клисура, информираат од Секторот за внатрешни работи во Велес.

– „Цитроен берлинго” управуван од В.К., роден 1968 година од сеуште неразјаснети причини удрил во товарно моторно возило „Ивеко”, а потоа излетал од патот. Притоа возачот и неговата сопруга Р.К. биле тешко повредени и се пренесени во кавадаречката Општа болница, изјави портпаролот на СВР Велес, Ненко Александров

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top