| четврток, 6 декември 2018 |

Болт за малку не дојде во Скопје

Најбрзиот човек на планетата, Усеин Болт синоќа на Олимпискиот стадион во Лондон и кажа и дефинитивен збогум на атлетиката и потврди дека повеќе нема да се натпреварува.

Меѓутоа, веќе во септември би можеле да го видиме во поинаква ситуација, па атлетиката ќе ја замени со фудбалот. Спринтерот од Јамајка за неколку месеци се очекува да го облече дресот на Манчестер Јунајтед.

Во септември на „Олд Трафорд“ ќе играат легендите на Јунајтед и Барселона, а веќе започнати се преговори да настапи и Болт, кој е голем фан на „црвените ѓаволи“.

Често во медиумите Болт порачуваше дека посакува да игра за Манчестер Јунајтед, па веројатно наскоро и таа желба ќе биде остварена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top