| четврток, 6 декември 2018 |

Болт ја започнува фудбалската кариера во Јужна Африка

Светскиот рекордер во спринт Усеин Болт, само шест месеци откако се збогуваше со атлетиката, ќе започне фудбалска кариера во јужноафриканската екипа Мамелоди, соопшти клубот. Спортистот од Јамајка вчера откри дека името на клубот ќе биде познато денес и се покажа дека се работи за лидерот на Јужноафриканското првенство.

Освојувачот на осум златни медали на Олимписките игри, претходно изјави дека имал 12 понуди од клубови, а помина и обука минатата година во Борусија Дортмунд.

Своите услуги 31-годишниот Болт исто така ги понуди на Манчестер Јунајтед за кого тој навива, како и на новиот клуб на Дејвид Бекам – Мајами.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top