| четврток, 6 декември 2018 |

Не сум прва, а ни дама-Брижит Макрон си го отвори срцето!

Брижит Макрон конечно проговорила за својата врска со францускиот претседател Емануел Макрон.

Првата дама на Франција открила како одлучила сопствената среќа да ја стави на прво место кога ја започнала врската со 24 години помладиот Макрон. Познато е дека се запознале додека тој посетувал средно училиште, додека таа била професорка.

Врската ја започнале кога 18-годишниот Макрон глумел во претстава која Брижит ја водела во едно приватно училиште на северот на Франција. Иако тој последната година од образованието ја минал во Париз, нивната врска ја издржала далечината.

-Постојат моменти во вашиот живот кога треба да донесете многу важни одлуки. За мене тогаш беше така. Кога читам за нас, секогаш имам впечаток дека читам приказна за некој друг.Нашата приказна е едноставна: Затоа, тоа што е кажано во текот на минатите 20 години е безначајно. Секако, појадуваме заедно, ја со своите брчки, а тој со својата младост- отворено изјавила 64-годишната Брижит.

-Да не го направев тоа, ќе пропуштев да го живеам својот живот. Минував среќни моменти со своите деца, но истовремено чувствував дека мора да ја проживеам оваа љубов за да бидам среќна во целост- додала првата дама на Франција.

Таа прозборе и за фунцкијата прва дама.

-Како и сите пред мене, ќе ја преземам својата јавна улога, но Французите ќе знаат со што сè располагам. Своите состаноци и обврски ќе ги поставам на официјалната страна на претседателот, така што јавноста ќе знае точно што правам. Важно е на сите да им е сè јасно – вели 64-годишната Макрон..

Инаку, изминатиов период во француската јавност се крена прашина околу промената на нејзиниот статус. Беше покрената петиција во која се бара сопругата на претседателот да има службена титула, канцеларија со повеќе вработени, како и сопствена сметка, а истата ја потпишаа повеќе од 300.000 луѓе во период од 20-тина дена.

Таа истакна дека не ѝ се допаѓа изразот „Прва дама“

-Тоа е прилагодување од американскиот израз, но мене не ми се допаѓа. Не се чувствувам како прва дама. Не сум ни прва, а ни дама. Јас сум Брижит Макрон. Кога ќе го слушнам тој израз до моето име, се прашувам: „За кого зборуваме?“ – порачува Брижит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top