| четврток, 6 декември 2018 |

Брижит Макрон не успеа да стане прва дама на Франција

По предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон неговата сопруга да ја понесе титулата прва дама, француската јавност бурно реагира, пренесуваат француските медиуми. Французите потпишаа петиција против посебен статус за Брижит Макрон, која би била прва сопруга на претседател во француската историја што би ја понела титулата прва дама.

„Никој не смее да биде над другите. Претседателот го избраа граѓаните, но тоа не значи дека неговата сопруга е над сите други жени, тоа е неправедно“, порача организаторот на петицијата, Тијери-По Валет.

Од друга страна, пак, во САД со изборот на претседател граѓаните избираат и неговата партнерка да игра важна улога во општеството, но тоа чини, а Французите не сакаат да плаќаат за тоа.

Макрон функцијата на својата сопруга ја најави уште во кампањата, но три месеци откако се всели во Елисејската палата, рејтингот на младиот претседател вртоглаво паѓа, пренесуваат француските медиуми.

Првата дама во САД е институција, почнувајќи од Марта Вашингтон, се памети Џеки Кенеди, која во Белата куќа внесе посебен стил. Хилари Клинтон донесе амбиција. Секоја сопруга на американски претседател е опкружена со петнаесетина луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top