| четврток, 6 декември 2018 |

На Французите им се згади првата дама (ФОТО)

Првата дама на Франција, 64-годишната Брижит Трудо, секојдневно се обидува да му докаже на светот дека жените и во третото доба можат да носат мини здолништа. Но, за разлика од неа, која не води сметка што ќе речат луѓето, луѓето, особено Французите кои се одликуваат со истенчен вкус,  сѐ повеќе со гадење гледаат на колената на првата дама.

Јавноста кратко се занимаваше со фактот дека поранешната професорка е 24 години псотара од францускиот претседател и нејзините ќерки се малку помлади од него, но затоа изгледа склоноста на првата дама на Франција кон мини здолништата ѝ ги боде очите. Во центарот на светската мода се води жестока расправа дали здолништата кои се 15 цм над колената се пристојни и прилегаат на нејзините години и положбата во општеството. Дискусијата особеноз ема замав кога Трудо позираше со останатите први дами, вклучувајќи ја и Меланија Трамп, а само нејзе ѝ се гледаат колената.

Брижит сака да изгледа младолико, па мисли дека со мини здолништата ќе го постигне саканиот ефект.

Коко Шанел, француската икона на стилот, е строго против покажување на колената, зашто сметала дека се најгрдиот дел од женското тело.

Британски „Вог“ пишува дека модниот стил на Брижит Трудо отскокнува од типичниот стил на облекување на Французинките и на жените во 60-тите, а поради тоа што не обрнува внимание на туѓото мислење, модната јавност ја цени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top