Вчера на седницата на Советот на Oпштина Прилеп, уште еднаш јавно и без малку обѕир кон прилепчани потврдија дека ќе градат станбени згради за мигрантите во нашиот град. Тоа секако не е она што му треба на Прилеп во моментов и секако ниту е во интерес на граѓаните на Прилеп. И најважно тоа не е прашање за кое што прилепчани се прашани па ни консултирани, изјави на денешната прес-конференција советник во Советот на општина Прилеп, Силвана Пашоска.
Вели дека иако СДСМ за секој проблем на граѓаните што не знаат да го решат велат „ќе отвориме дебата“, токму за едно вакво значајно прашање одлучуваат зад грбот на прилепчани.
-Исто како и претседателот на прилепскиот СДС, господинот Велески и нивните советници сметаат дека е доволно само да ни соопштат што планираат со нашиот град и толку. ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница на Советот на Општината, гледајќи ги пред се интересите на прилепчани, предложи Советот да донесе Заклучок за неприфаќање на предлог Стратегијата за интеграција на бегалци и странци во Република Македонија 2017-2027 и Националниот Акционен план произлезен од Стратегијата, а усвоени од Владата на Република Македонија. Заклучокот беше произлезен земајќи ги во предвид фактите дека Прилеп нема капацитети и толкава финансиска моќ да превземе една таква смела авантура во која наместо фабрики ќе се градат бегалски кампови, истакна Пашоска.
Меѓутоа, вели таа, арогантноста и наметливоста на СДСМ уште еднаш стапи на сцена и немајќи аргументи со кои би настапиле против одбраната на ВМРО-ДПМНЕ на интересите на граѓаните, советници на СДСМ ја напуштија седницата.
-Ова на граѓаните на Прилеп и на Република Македонија им покажува дека во редовите на СДС, како и секогаш кога се работи за доброто на граѓаните владее безидејност и себичност. Многупати досега им го завртиле грбот на прилепчани водејќи се од ситно партиски интереси. Секако граѓаните на Прилеп добро расудуваат и паметат и нема уште еднаш да дозволат нож во грб. Ако со криминалната приватизација го паднаа Прилеп на колена, со оваа нивна стратегија за претворање на Прилеп во бегалски камп, сигурно ќе го срушат до крај, посочи Пашоска.
На советници од СДСМ им порача дека заради нивната посветеност кон бегалците и самите почнале да бегаат од седници. Ве уверуваме, додаде Пашоска, од прилепчани нема да можете да избегате.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.