Австралијка пријавила дека на 15. август околу 20 часот и 30 минути во ГТЦ две непознати лица и ја одзеле торбата.
Сторителите ја искористиле нејзината невнимателност и ѝ ја одзеле торбата во која имало паричник со околу 3 илјади австралиски долари и 8 илјади денар, лап-топ, мобилен телефон и други лични предмети, со вкупна вредност од околу 272 илјади денари.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


