Австралијката Јасмина Милованов ги напуштила своите две деца на возраст 5 и 7 за да им се придружи на џихадистите од Исламската држава (IS), објави во вторникот австралискиот дневен весник The Sydney Daily Telegraph.
Дваесет ишестгодишната Јасмина Милованов на почетокот од мај заминала од својот дом во Сиднеј, додека децата ги чувала дадилка и повеќе не се вратила, пишува весникот, наведувајќи ја изјавата на нејзиниот поранешен маж дека со СМС порака го известила дека е во Сирија.
„Мислам само за своите деца. Не можам да верувам дека напушти две толку убави деца. Синот неколку дена по нејзиното заминување ми рече ‘Се надевам дека мама е добро’“, изјавил за весникот нејзиниот сопруг, чиј идентитет не се открива.
Натаму весникот истражувал дека Милованов на Facebook e „пријателка“ со извесна Зехра Думан, чиј маж Махмуд Абтдулљатиф наводно загинал на почетокот од годинава боејќи се во редовите на Исламската држава. Зехра Дурман во Австралија, инаку, е позната како лице коешто на интернет „регрутира партнерки за џихадистите“.
Полицијата од австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс потврдила дека Јасмина Милованов е предмет на истрага којашто е во тек.
Повеќе од сто австралиски државјани досега им се приклучиле на џихадистите од Исламската држава во Ирак и во Сирија, а триесетина од нов загинале на тамошните боишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.