| четврток, 6 декември 2018 |

Австралијка сака да се омажи за дрво

avstraliijka-se-omyjva-za-dyrvo-s-koeto-pravila-naij-dobriq-seks-v-jivota-si-293839

Ема Мекејб, 31-годишна Австралијка, раскажува дека по серија неуспешни врски со мажи, утеха нашла во сексуално уживање со висока и цврста топола.

Ема тврди дека најдобриот секс во животот го имала со дрво по име Тим и по незаборавното искуство планира да се омажи за него, објави австралискиот портал „Њус“.

Австралијката не се срами да признае дека со дрвото Тим го имала најдоброто сексуално искуство  во живот, пренесоа агенциите. Вљубената  жена вели дека се среќава со својот сакан Тим четирипати неделно, повеќе за разговори, отколку за секс.

– Тим ги задоволува моите емоционални и сексуални потреби. Признавам дека загледувам и други дрвја, но не ги допирам бидејќи сакам да му бидам верна на моето омилено дрво. Планирам дури и да се омажам за него на скромна церемонија во присуство на семејството. Луѓе може и да ме осудуваат, но Тим ме прави исклучително среќна – вели Ема Мекејб.

Според стручњаците, жената боледува од дендрофилија, сексуална привлечност кон дрвја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top