| четврток, 6 декември 2018 |

Бремена Австралијка инфицирана со вирусот зика

Една бремена Австралијка која живее во сојузната држава Квинсленд, е инфицирана со вирусот зика, соопштија австралиските здравствени власти.

Во соопштението се вели дека жената штотуку се вратила од патување во странство, но не се соопштени други детали.

Ова е трет случај на зика во Австралија, откако и претходните два се регистрирани во Квинсленд кај лица кои претходно престојувале во странство.

Вирусот зика се поврзува со микроцефалијата кај бебињата. Ваквите новореденичња имаат невообичаено мали глави и помал мозок, а оваа тешка аномалија е забележана кај децата родени од мајки кои биле инфицирани од вирусот, додека биле бремени.

Зика забрзано се шири низ земјите на Јужна и Централна Америка, како и во реонот на Карибите.

Првпат се појави во Бразил во мај минатата година, па досега оваа голема земја се регистрирани најголем број инфицирани и новороденшиња со микроцефалија.

Светската здравствена организација објави глобална тревога од зика.

Против зика се уште нема вакција, затоа што болеста која се развива е налик на грип, па многу заболени не ни занаат дека го носат во себе вирусот.

Експертите предупредуваат дека зика во овој момент е опасен за бремените жени и за оние кои планираат да станат мајки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top