Швајцарскиот тенисер Стан Вавринка успешно е опериран вторпат сезонава што значи дека за него оваа година на спортски план е завршена. Тој имаше повреда на коленото и мораше со хируршка интервенција да ја лечи повредата.
– Втората операција добро помина. Тоа значи дека може да очекувам брзо заздравување. Ќе се видиме во 2018 година. Ви благодарам на сите, напиша Вавринка на социјалните мрежи.
Тој е еден од неколкуте тенисери кои годинава поради повреди предвреме ја завршија сезоната. На таа листа се наоѓа и Новак Ѓоковиќ, Кеи Нишикори, додека играчот број 1 на светот (уште оваа недела) Енди Мареј не игра поради повреда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.