Кеи Нишикори имаше совршен старт на натпреварувањата на АТП-финалето, откако за само 67 минути со 6:3/6:2 го победи шампионот од УС опен, Стен Вавринка.
Петтиот носител од Јапонија ја искористи слабата игра на Вавринка, кој направи дури 31 неизнудени грешки и не успеа да ја наметне играта на бекхенд, а играше и со повреда на левото колено. 31-годишниот Швајцарец, кој го победи Нишикори на патот до титулата од УС опен, загуби два брејка за половина час игра, по што немаше враќање.
Нишикори сега може да замени Вавринка како светски број 3 на крајот на турнирот во зависност од резултатите на турнирот.
„Тоа е мојата цел оваа недела. Да се обидам да победам на повеќе мечеви и да стигнам до број 4 или број 3. Тоа е мојата шанса“, вели 26-годишниот Нишикори.
Во вториот меч на „Џон Мекинро групата“, вечерва од 21 часот Енди Мареј го игра првиот меч како светски број 1 против Хрватот Марин Чилиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.