Григор Димитров, Станислав Вавринка и Кеи Нишикори обезбедија место во полуфиналето на турнирот во Бризбејн, а последниот полуфиналист ќе го дадат Милош Раониќ и Рафаел Надал.
Вавринка го победи младиот Британец, Кајл Едмунд со 2-1 во сетови (6-7/2,6-4,6-4), а Нишикори го декласира изненадувањето од Австралија Џордан Томпсон со 6-1,6-1.
Димитров беше подобар од младиот Австриец Доминик Тием со 2-1 во сетови (6-3, 4-6, 6-3). Првиот полуфинален пар го сочинуваат Нишикори и Вавринка, а наскоро и Димитров ќе го дознае својот протиивник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.