Станислас Вавринка влезе со негативен биланс од 19:4 во дуелите со Новак Ѓоковиќ во финалето на Ју-Ес опен, но тоа не го спречи да го прикаже одлична игра и со пресврт да стигне до првата титула во Њујорк, трета на грен слем турнирите.
Швајцарскиот тенисер имаше бавен старт и брзо имаше негатива од 5:2 во првиот сет, но сепак некако успеа да се избори за тајбрејк кој неочекувано лесно „го фрли“ во вода бидејќи беше доста декоцентриран и го загуби истиот со 7:1. Во тој момент се чинеше дека Вавринка ќе има пеколно тешка задача да се врати во мечот против бранителот на титулата во Њујорк, но идентично како и на минатогодишното финале во Париз, популарниот Стен одново имресионираше и успеа да ги пронајде своите најдобри удари од основната линија правејќи целосен пресврт.
Швајцарецот поведе со 4:1 во вториот сет, но израмни на 1:1 добивајќи го овој дел од играта со 6:4, а комплетната рапсодија на неговиот перформанс следеше во наредните два сета во кои докажа зошто важи за еден од најдобрите тенисери во овој момент. Стен стигна прв до брејк и во третиот сет во кој многу брзо поведе со 3:0, но ниту враќањето на најдобриот тенисер во овој момент не го поколеба да биде агресивен во одлучувачките поени и со брејк во последниот гејм да дојде до водство од 2:1 (7:5).
Вавринка по ист рецепт го стартуваше и четвртиот сет кој на крајот се покажа како одлучувачки, со тоа што овојпат успеа да се одбрани од нападите на Србинот и со неколку спасени брејк топки стигна до конечни 6:3 користејќи ја втората меч топка на свој сервис.
За него, ова е прва титула на Флешинг Медоус, но посебно импресивен е фактот што ова беше трета грен слем титула за него во кариерата во исто толку одиграни финалиња на најголемите турнири (по една титула има на Австралија Опен и Ролан Гарос).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.