| четврток, 6 декември 2018 |

Хелен Мирен: Мрачната словенска душа на Меланија Трамп ќе излезе на виделина

Актерската легенда Хелен Мирен нема влакна на јазикот и отвoрено разговара за сите теми, од мода, секс, феминизам до политика.

Во едно интервју за за магазинот „Алур“, таа меѓудругото се осврнала и на познатата снимка во која Меланија (47) ја оттурнува раката на својот сопруг Доналд Трамп (71).

– Го гледам тоа и си мислам дека таа е една од најмоќните жени на светот, бидејќи може да го сруши. Тоа за малку и го направи и тоа само со раката. Јасно му даде до знаење да не ја допира. Знаете, јас сум по потекло од Источна Европа, а ние имаме мрачни души. Ќе видите, таа мрачна словенечка душа наскоро ќе се покаже, ќе исплива на виделина. Таа само треба да направи едно добро интервју со „Алур“ – рекла Хелен, која била многу поостра кон миленичката на Трамп, ќерката Иванка, и нејзината неодамна објавена книга  „Жените што работат“.

Хелен ѝ ги признала реторичките вештини, со напомена дека содржината на зборовите и говорот на Иванка се празни.

– Иванка зборува добро, но без суштина. Нејзината книга нема врска со тоа како повеќето жени живеат, таа им советува да земат малку време за себе за да одат на масажа. Ма, дајте ве молам – коментирала Хелен Мирен, која Доналд Трамп го нарекла „стар диносаурус, кој е непријателски расположен кон жените“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top