| четврток, 6 декември 2018 |

Протест: Автомобилистите викендов ќе го блокираат Водно

Здружението на автомобилисти и авто-клубови за викендов најави двочасовна блоката на патеката на Водно поради незадоволство од однесувањето на федерацијата за што го испрати и следното соопштение:

– Поради незадоволство на мнозинството македонски авто клубови и љубители на авто спортот во Македонија од моменталното раководство на Автомобилистичката федерација ма Македонија, своето уставно граѓанско право, а согласно законите на РМ, ќе го искажеме својот ревот преку мирeн граѓански собир:

-на ден 19.08.2017 (сабота) во времетраење од 11.00 до 13.00 и
-на ден 20.08.2017 (недела) во времетраење од 11.00 до 13.00 часот
со блокирање на сообраќајот на главната улица пред паркингот на видиковец на Водно.

Сето ова го правиме со цел промена на комплетното раководство на АФМ, кое седма година по ред тотално го уништи авто спортот во Македонија, со цел како би можело повторно во Македонија да се одржуваат шампионатот во автомобилизам на кружни и ридски патеки.

На собирот очекуваме околу 100 возила и 300 граѓани поддржувачи на авто спортот, а истиот ќе биде обезбеден од наша страна, пишува во соопштението здружението на авто клубовите и возачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top