| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија подготвена за предизвик и победа над Швајцарија

Македонската ракометна репрезентација e подготвена  за последните два меча, со Швајцарија и со Португалија, на кои треба да се победи за да се надеваме на настап на ЕП. Селекторот Ивица Обрван и капитенот Кире Лазаров се задоволни од текот на подготовките, што дава причина за оптимизам во пресрет на дуелот со Цирих, што е на програмата в среда.

kie-naumov02

– Според мене, Швајцарија е поквалитетна репрезентација од Португалија, а ни двете селекции не се подобри од нас. Доколку одиграме како што знаеме, очекувам да стигнеме до посакуваниот триумф. Мојата прогноза е дека Шпанија сигурно ќе ја совлада Португалија, па со наш евентуален триумф в среда потоа би се довеле во ситуација самите да решаваме за второто место во групата против селекцијата на Португалија во последното коло – изјави Лазаров.

kie-naumov01

Македонија мора да ги добие двата натпревари и да се надева дека Шпанците ќе ја победат Португалија бидејќи светските прваци се многу поквалитетни од свoјот сосед, но веќе се пласирани на ЕП. Тоа е проблем за нас, бидејќи постои страв од лежерна игра на Шпанците. Ако тие ја победат Португалија, а ние Швајцарија, тогаш во последното коло ќе ни треба победа против Португалија во Скопје, од 7 или повеќе голови разлика.

фото: Игор Ангеловски

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top