| четврток, 6 декември 2018 |

Севе има нова фризура, но и Гучи фустан за кој повеќето жени можат само да сонуваат!

Северина Којиќ со својата последна објава на Инстаграм ги воодушеви следбениците кои ја почестија со комплимнети и лајкови. Таа не можеше да одолее на еден од водечките трендови на сезоната и си направи шишки, кои како што се очекуваше и стојат одлично. Но целото внимание на фотографијата го украде друго скапоцено парче облека.

Асиметричниот фустан со цветови и машна од напред веднаш паѓа во очи, а тогаш ќе ви текне кај сте го виделе. Имено овој фустан може да се види во спот на пејачката Кети Пери.

Станува збор за парче облека кое е од модната куќа Гучи, кои можат да си го дозволат само ретки среќнички. Фустанот е дел од последната колекција на луксузниот бренд и чини дури 3.830 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top