| четврток, 6 декември 2018 |

Пукна тиквата во семејството Ражнатовиќ: Сестрата на Цеца се сели од нивната вила по цели 20 години

Познатата српска пејачка Цеца Ражњатовиќ отсекогаш потенцирала дека нејзината помлада сестра, Лидија е најблиската личност во нејзиниот живот, па уште во 90-тите таа се пресели кај Цеца во вилата на Дедиње. Деновиве, српските медиуми пишуваат дека по долго време заеднички живот сестрите се разделуваат, односно Лидија ќе се сели од вилата.

– Цеца и Лидија се неверојатно блиски, така е уште од детството, така и ќе остане. Додека Аркан беше жив, тој со задоволство ја прифаќаше Лидија. Таа им помагаше во растењето на Вељко и Анастасија, а подоцна Цеца и возврати со нејзините деца. Немаше никакви караници, едноставно Лидија има бројно семејство, дури четири деца, па затоа со сопругот сакаат да живеат во друга куќа. Точно дека вилата на Цеца е голема, меѓутоа секое семејство сака живот каков му одговара. Тие сакаат Цеца да има свој мир, наведува изворот близок до семејството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top