| четврток, 6 декември 2018 |

Медицинска сестра се обидела да убие четири бебиња, камерите ја фатиле на дело!

Бразилската медицинска сестра Симон Анхос Дос Сантош е уапсена во својот дом во Санта Круз поради сомнение дека на одделението за интензивна нега ги пресекла катетерите на четири новородени бебиња со намера да ги убие.

Како што пренесуваат бразилските медиуми, сестрата без да носи ракавици пребира низ инкубаторите кои што не биле во нејзина надлежност. Таа најпрвин зема предмет од капакот на инкубаторот, а потоа нешто прави околу бебињата.

Неколку моменти подоцна, друга сестра забележала дека нешто не е во ред со едно од бебињата и сфатила дека се откачени катетерите. Веднаш била отворена истрага откако полицијата утврдила дека помеѓу 14-ти и 31-ви јануари оваа година „пукнале“ четири катетери.

Во соопштението на социјалната мрежа Твитер, полицијата открива дека според првичните анализи, на бебињата им се заканувала опасност од хипогликемија и можеле да добијат инфекција на крвта која што може да резултира со нивна смрт.

41-годишната Сантош ги негирала обвинувањата, тврдејќи дека катетерите биле исечени од друга сестра, а во меѓувреме голем број на луѓе на социјалните мрежи застанале во нејзина одбрана, укажувајќи на нејзиниот добар карактер и професионализам.
Сепак, видео снимките од надзорните камери покажуваат „сомнителни активности“ на осомничената.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top