| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца Косовци на Суперкупот останале без неколку илјади евра, дозвола за оружје и многу картички

Две лица од Косово, во два одделни случаи, биле ограбени за време на одржувањето на Супер Купот во Скопје, информира МВР.

Триесет и девет годишниот Љ.М. (39) од Косово пријавил дека на 8 август околу 19 часот, додека чекал да влезе во Националната арена „Филип Втори“, непознат човек му украл паричник во кој имал кредитна картичка, дозвола за оружје, лична карта и возачка дозвола.

Вториот случај во полиција го пријавил Е.Х. (27) исто така од Косово кој изјавил дека додека бил на арената „Филип Втори Македонски“, непознат сторител извршил кражба врз него. И тој останал без паричник во кој имало седум кредитни картички, возачка дозвола, сим картичка со англиски број и 1.625 евра, информираат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top