| четврток, 6 декември 2018 |

Наместо да прослават 8 Март, десет прилепчанки доживеаја кошмар во Италија

шоп
Осмомартовското патување во Италија на кое заминале десет жени од Прилеп се претворило во
вистински кошмар. Тие биле ограбени во Лидо ди Јесoло, уште на првиот ден од туристичката  рута. Крадците го искористиле моментот додека туристките пазареле во маркет. Го ограбиле автобусот кој ги чекал на паркинг. Исчезнале нивните патни торби, со облека, козметика, дигитални апарати, мобилни телефони, кредитни картички. Среќа во несреќа е тоа што чантите им биле в раце, па им останало некое евро.

Туристките се револтирани и од агенцијата, која го организирала патувањето по повод 8 Март,
зашто не презела ништо околу немилиот настан. Засега не се знае, кога и како ќе се вратат дома.
Информацијата за грабежот ја потврдуваат и од македонското МВР. Инаку, прилепчанките се
обратиле за помош до Македонскиот конзулат во Венеција, од каде што рекле дека веќе е почната
соодветна постапка, според која ќе добијат потврди за украдени патни исправи, по што ќе може да
ја напуштат Италија и да се вратат дома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top