| четврток, 6 декември 2018 |

Дали Абрамович се разведува заради пријателка на својата трета жена?

По веста за разводот на милијардерот Роман Абрамович и галеристката Дарја Жукова, во медиумите излезе името на балерината Диана Вишнева, прима балерина на Маринскиот театар.

Гласините за врската на 50-годишниот сопственик на фудбалскиот клуб “Челзи” со руската балерина се појавија уште во септември 2014 година. Прес секретарот на милијардерот Џон Ман сепак тогаш ја нарече оваа информација глупост и уште измислица на жолтите медиуми. Таткото на балерината Виктор Вишнев, исто така, ја побиваше блиската врска на неговата ќерка со женетиот бизнисмен.

Во последно време, сепак во печатот се засилија гласините за меѓусебните измами на Абрамович и Жукова – на Абрамович од април оваа година му припишува врска со Вишнева, а Дарја Жукова се обидоа да ја поврзат со “војно лице” додворувач, пишува рускиот печат.

Што се однесува до балерината, медиумите потсетуваат дека еден од нејзините проекти бил финансиран од Абрамович. Станува збор за Меѓународниот фестивал на современа кореографија “Контекст”. Диана Вишнева е основач и уметнички директор, потсетуваат медиумите кои укажуваат дека таа има 41-година.Она што е интересно е фактот дека балерината и Даша биле добри пријателки, но и дека и Диана е мажена.

На сопругата на рускиот милијардерот Жукова пак како љубовници и беа припишувани холивудската ѕвезда Леонардо ди Каприо, уметничкиот дилер Вито Шнабел, како и роднини на американски претседател Доналд Трамп – Џошуа Кушнер.

Експертите на Форбс го оценија богатство на Абрамович 9,2 милијарди долари. Изгледа 36-годишната ќерка на бизнисменот Александар Жуков има за што да се бори, освен нивните две деца – син Арон и ќерката Леа.

Ова е трет брак на рускиот олигарх.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top