| четврток, 6 декември 2018 |

Каков подарок доби Путин од Абрамович

abramovich

Еден од најбогатите руси, Роман Абрамович, му подарил на претседателот Владимир Путин супер луксузна јахта.
Бродот е долг 57 метри, а неговата вредност е околу 35 милиони долари. Во емисија неодамна прикажана на  БиБиСи, Адам Сзубин задолжен за санкциите наметнати од Министерството за финансии на САД, изјави дека рускиот претседател е корумпиран, а американската влада тоа го знае одамна.
1217331_600

– Путин ги фаворизира своите блиски со профитабилни јавни набавки и намерно го напаѓа бизнисот на оние кои ги смета за свои непријатели, изјави уште Сзубин.
Сзубин одби да го коментира тајниот извештај на ЦИА од 2007 година, според кој богатството на рускиот претседател се проценува на околу 40 милијарди долари. Според други извори, богатството на Путин изнесува дури 70 милијарди долари.
Тој сепак вели: „Претседателот добива плата од околу 110 000 долари годишно, но тоа не одговара на неговото вистинско богатство.“
Оваа јахта е префрлена на Путин преку вработен на Абрамович. Поранешниот диртектор на „Sovcomflot“ вели дека бил на оваа јахта на крајот на март 2002 година во Амстердам и знае дека јахтата е во сопственост на Роман. Како подарокот е дадена на Путин преку оф-шор компанија. Трошоците за одржување на јахтата се целосно од државниот буџет.
Претседателот Путин откажал интервју за емисијата, а адвокатите на Абрамович оваа вест ја оцениле како шпекулација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top