Во последно време е многу модерно да бидеш сопственик на приватен остров, се разбира меѓу луѓето кои имаат милиони долари на банкарска сметка и живеат суперлуксузно.
Некои сопственици на острови живеат мирно и тивко, но некои сопственици ги нудат за изнајмување своите острови, за да заработат од богати клиенти.
Многу се холивудските ѕвезди како Леонардо ди Каприо, Том Хенкс и Џони Деп, кои поседуваат сопствени острови. Сите сопственици на острови во нашата листа имаат огромно богатство. Ви ги претставуваме петте најскапи приватни острови и нивните богати сопственици:
5. Михаил Прохоров
Прохоров е сопственик на кошаркарскиот тим Бруклин нетс. Познат е како најубавиот милијардер. Меѓу неговите имоти се наоѓа и Северниот Остров, кој чини 35 милиони долари. Кога на банкарска сметка имаш 11 милијарди долари, 35 милиони долари се ништо.
4. Бернар Арно
Арно е извршен директор на „Луј Витон“ и сопственик на богатсво од 37,2 милијарди долари. Како еден од најбогатите луѓе на планетата, тој може да си дозволи приватен остров. Арно платил 35 милиони долари за островот Индиго, Бахамите.
3. Дејвид Коперфилд
Овој светски познат магионичар, може без трага да исчезне на приватниот остров Муша Кеј. За него Дејвид платил 150 милиони долари. Ѕвездите како Том Круз, Џон Траволта и Пенелопе Круз го имале задоволството да гостуваат на овој остров.
2. Ричард Бренсон
Сер Ричард Бренсон е популарен по начинот на кој ги троши парите уште од најрана возраст. Тој го поседува островот Некер, кој чини околу 200 милиони долари. Во моментов островот е туристичка дестинација и на него биле многу истакнати личности како Опра Винфри, Кејт Мос и Миранда Кер. Тука редовно престојува тимот на „Викторија сикрет“, за да ги фотографираат своите прекрасни модели.
1. Роман Абрамович
Роман Абрамович платил неверојатни 400 милиони долари за островот Нова Холандија. Така тој ја збогати својата листа со имоти, меѓу кои се имоти во Франција, Русија и Велика Британија. Сопственикот на Челси има уште острови. Овој во Санкт Петербург, сепак, е еден од најскапите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.