| четврток, 6 декември 2018 |

Живее во изнајмен стан, прави чорба од компир и сама пазари-нормалниот живот на Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел која својот приватен живот многу успешно го држи под контрола, како пред, така и по избори-секогаш го буди интересот на јавноста, не само за она што работи и какви политички одлуки носи, туку и за тоа каква е надвор од очите на јавноста, како живее, каде пазари, каде патува, кај го запознала првиот маж, кој е нејзиниот втор  маж, каков стан има…

-Дури ни министерот за финансии Волфган Шојбле не го познава нејзиниот стан-пишува во актуелниот број на германскиот месечник Вју каде се наведува дека на вратата на 4 спрат во Ам Купферграбен 6 на берлинскиот „Остров музеј“, стои само професор Зауер и дека освен тоа не се знае ништо повеќе за изнајмениот стан во кој живеат Меркел и нејзиниот сопруг, професорот по квантна хемија.

За Мерекел велат дека ја гледа цел свет, а таа сепак успева да живее еден нормален живот.

Неколку места, на кои може да се одмрои, за Меркел се свети. Така секогаш кога може поминува викенди во својата викендица во Хоенвалд, кај Укермарк, 20 километри источно од Теплин.

-Таа тука собира сила, слуша класична музика,со задоволство стои покрај шпорет и вари чорба од градинарски компири. Тука ретко прима гости. Оној кој сака да ја фотографира нејзината куќа, брандербуршката полиција љубезно, но решително го замолува пред нивни очи да ја уништат фотографијата-пишува овој магазин.

Иако после 12 години нејзино канцеларување се верува дека многу работи се знаат за неа, всушност многу нешта и не се знаат, како на пример дека е благо кратковида и ретко носи наочари, главно за време на новогодишното обраќање, а во сите други ситуации носи контактни леќи. За неа се знае дека нерадо телефонира, но затоа страствено пишува СМС пораки, кои може да ги куца и на слепо.

За Меркел се знае и дека првиот сопруг, студентот по физика Улрих Меркел го запознала 1974 на едно патување низ Русија, а дека 33 години живее заедно со професорот Зауер.

Германците не ја гледаат Меркел само како политичарка и физичарка, туку и како сопруга, по малку баба и домаќинка, која од продавница знае сама да влече кеси, а чиј сопруг ретко се жали на нејзините кулинарски вештини- на чорбата од компири или ролнички.

-Мојот маж ретко се жали…единствено на колачите за него е секогаш премалку прелив. Тој едноставно е син на слаткар-раскажала Мерекл еднаш на своите бирачи за својот маж, Зауер, роден 1949 година, чии синови од првиот брак имаат деца, со кои Мерекл со задоволство ги поминува времето, и после кои скоро секогаш и расте популарноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top