| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на три книги од Искра Донева во МКЦ

Во Младинскиот културен центар вечерва со почеток во 20 часот ќе бидат промовирани три книги од Искра Донева.

Книгите „Скакулче игра плочка“, „Татко“ и „Лазарополски хаикуа“ се од жанрот хаику поезија. Промотори на книгите ќе бидат реномираните автори и професори Александар Прокопиев и Владимир Мартиновски, како и Жарко Кујунџиски, додека поезијата ќе ја интерпретира докажан актерски тим предводен од шармантната актерка Арна Шијак. Со своја музичка програма настанот ќе го збогати интернационално познатиот етно-состав „Љубојна“.

Организатор на настанот е Здружението на граѓани за мотивација и посреќен, поисполнет и попродуктивен живот на сите луѓе, особено на лицата со физичка и ментална попреченост НОВА ИСКРА Скопје, кое како примарна цел има презентирање, промовирање и заштита на животот и делото на ИСКРА ДОНЕВА како мотивирачка успешна приказна и други активности за успешно завршување на хуманитарната акција за собирање средства за нејзин медицински третман со матични клетки и подобрување на егзистенцијалните услови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top