Поранешната канадска тенисерка, Хелен Пелетие јавно го обвини Новак Ѓоковиќ прикриен допинг. Поради повреда на рамото, Новак ја заврши сезоната многу порано од крајот на тениската година, а канадската колумнистка се сомнева во медицинските причини за паузата.
„Некои мои пријатели убедени се дека Ѓоковиќ бил допингуван и дека го штити АТП. Зошто одеднаш падна во играта и кои се неговите лични проблеми? Ако повредата на раката е хроничен проблем мораше тоа да го реши со операција. Или можеби тоа е само лага? Мислам дека прави пауза за да може физички да ја продолжи кариерата“, пишува Пелетие.
Канаѓанката се повика на почитувани колеги во светот на тенисот, кои не сакале јавно да зборуваат на темата. Ѓоковиќ ги откажа сите турнири до крајот на годината и се очекува дури на Австралија Опен во јануари следната година.
Извор: гол.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.