| четврток, 6 декември 2018 |

Се криеше, но сите дознаа-еве кога пристига бебето на Наташа!

Наташа Беквалац за 7 месеци повторно ќе стане мајка.

Според пишувањата на српските медиуми, пејачката е бремена со партнерот Лука Лазукиќ, а бременоста се обиде да ја сокрие од јавноста. Меѓутоа тоа не и појде од рака, бидејќи минатата недела, рано изутрина била видена како оди на гинеколог во една приватна клиника.

-Наташа е трудна и среќна е поради тоа, но планот и бил барем некое време тоа да го сочува за себе. Пејачката се посомневла дека е бремена додека со Лука била во Грција пред неколку недели. Направила тест, го прекина одморот и се врати во Белград. После посетата на гинеколот, веќе немало сомнеж дека ќе роди дете-рекол извор близок на пејачката.

Идниот татко Лука се израдувал на веститие, ништо помалку од самата пејачка.

-Двајцата се пресреќни поради бебето. Наташа е сигурна дека Лука е идеален маж со кој треба да има бебе и дека влегол во нејзиниот живот во вистинско време-рекла другарката на Наташа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top