| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ не простува успех: Разрешен Дејан Јовановски од функцијата директор на Спортската академија

Поранешниот кошаркарски интернационалец, поранешен генерален секретар на Македонската кошаркарска федерација и директор на КК „Работнички“, Дејан Јовановски, е разрешен од функцијата директор на Спортската академија, а на негово место е поставен професор по историја од истото училиште, пишува Нетпрес.

Смената на Јовановски доаѓа неколку дена по неговото именување за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и може да се толкува единствено како доказ на реваншистичките политики и партиски чистки на СДСМ водени по методот „вработување од чистачка до директор“ само на партиски војници, како што најави Зоран Заев дека ќе функционира откако ќе дојде на власт.

Новиот директор историчар ја воведе и првата новина во Спортската академија – веб сајтот на академијата веќе неколку дена не е достапен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top