| четврток, 6 декември 2018 |

Јовановски: За квалитетен спорт потребни се големи инвестиции

ВМРО-ДПМНЕ денеска организираше панел дискусија на темата, „Единствените кои инвестираат во спортот“, на која учествуваа Марјан Спасески, Златко Перински – директот на СЦ Борис Трајковски, Дејан Јовановски директор на Државната Спортската Академија, како и Зоран Шишковски. На дискусијата сите дискутанти се согласија дека за да се развива спортот потребно е директно да се инвестира во него, нешто што владата на ВМРО-ДПМНЕ  редовно го правеше.

Во текот на дискусијата Јовановски меѓу другото говореше и за специјализирана спортска академија.

– Еден од проектите беше и формирање на специјализирана спортска училиште т.е академија каде што се запишуваат најдобрите спортски талент и членови на национални репрезентации во четири спорта а тоа се ракомет, кошарка, фудбал и тенис. Спортска академија е всушност местото каде што директно може да се пружи голема спортска помош во однос на конкуренција, број на тренинзи, тренинзи со стручен кадар, каде што на младите спортисти во оној период од возраст од четиринаесет до осумнаесет години им е навистина неопходно да имаат дополнителен број на тренинзи со определен интензитет во период каде што тоа ако се пропушти никогаш повеќе нема да се надополни. Ние сме сведоци на тоа дека нашите најмлади селекции до четиринаесет, петнаесет години имаат доста добар резултат во младинска категорија дури и на Европско ниво. Целата поента и бенефитот на спортската академија е тоа што за разлика од сите други спортски гимназии,целта на оваа беше да се овозможи со стручен кадар, со посебен наставен план и програма најдобрите спортисти и најдобрите таленти да им биде овозможено квалитетна едукација, објаснува тој.

– Спортската академија е училиште кое што има свои дисперзирани паралелки во девет града а во моментот има некаде околу 900 ученици, а со новите уписи оваа година се очекува да се запишат некаде 1000 ученици. Спортската академија дава гимназиско образование и секој матурант со  самото полагање на државна матура може да се запише на било кој факултет во Република Македонија. За учениците кои имаат општ успех 4.00 и имаат 5 од избраниот спорт е планирано да се доделуваат стипендии кои што се даваат во текот на целата година со услов исто така  поведението да биде примерно, заврши Јовановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top